Што да земете во предвид при аплицирање за кредит
Новиот кредит не е само можност за исполнување на вашите потреби, туку и сериозна финансиска обврска со долгогодишен ефект. Оваа статија ги наведува главните фактори на кои треба да обрвнете внимание со цел да ги избегнете импулсивни одлуки и грешки при аплицирањето за кредит.
Новата финансиска обврска секогаш треба да биде балансирана и промислена. Неколку прашања мора да се разгледаат и проверат претходно кога се аплицира за нов кредит.
Тип на заем
Ако сте дошле до идејата за заем, веќе имате конкретна потреба која сакате да ја задоволите со парите. Финансиските институции нудат бројни кредитни производи во зависност од потребите на клиентите, на пример, за купување на куќа или стан – хипотекарен кредит; за купување на автомобил – лизинг; за разни секојдневни трошоци – краткорочен кредит, кредитна картичка; за студии – студентски кредити итн. Имајќи ги предвид различните видови кредити, препорачуваме да ја разгледате целокупната понуда на финансиските институции и да побарате соодветна консултација, каде што претставник на компанијата ќе ви помогне да го изберете најдоброто решение. Во процесот на собирање информации поставете ги прашањата за постапката за аплицирање на кредит, времетраењето, стандардните услови и распоредот за отплата со цел да осознаете бали имате средства за навремено отплаќање на заемот.
Избегнувајте ги измамниците
Финансиските производи станаа неизбежен дел од потрошувачкото општество. Затоа, во последниве години се активни разни измамници кои можат да се претстават како легитимни организации. Секогаш проверувајте ги јавните записи за избраниот заемодавател, обрнувајќи внимание на тоа дали има добиено соодветна лиценца која дозволува обезбедување на финансиски услуги. Само на овој начин ќе можете да ги заштитите своите права. Исто така, добро е да ги разгледате комуникациски канали на компанијата и коментарите од клиентите на истите, кои се релевантни индикатори за нејзината доверливост.
Колку пари ми се потребни?
Секогаш бидете критични во однос на големината на заемот и земајте само онолку колку што ви е потребно. Ниту денар повеќе. Во зависност од кредитната институција и кредитниот производ, можете да аплицирате за заем од неколку стотици до десетици илјади. Меѓутоа, ако ви е потребна минимална сума, секогаш разгледајте ја можноста да ја заштедите таа сума самостојно или да ја позајмите од членовите на семејството или пријателите.
Колку долго ќе треба да го враќам заемот?
Различните кредитни производи нудат различни стандардни услови за отплат. Кредитните институции често им овозможуваат на клиентите да изберат пократок или подолг рок на отплата. При изборот, запомнете дека пократкиот рок на отплата ќе ви овозможи да заштедите на каматите, но месечната рата ќе биде малку повисока. Во споредба, со подолгиот рок на отплата, ќе платите повеќе на каматите во целост, но месечната рата ќе биде пониска. Кога преземате долгорочни финансиски обврски, обидете се со тек на време да издвоите слободни средства и да ги искористите за побрзо намалување на износот на кредитот.
Колку ќе платам за камати?
Вашата каматна стапка зависи од неколку фактори, но најчесто се базира на вашиот кредитен рејтинг, износот на кредитот и рокот на отплата. Каматните стапки се разликуваат како меѓу различните категории на производи, така и меѓу различните кредитодаватели. Најчесто, ќе имате пониска каматна стапка ако имате одлична кредитна историја или кредитен рејтинг и ако изберете пократок рок на отплата и помал износ. Секогаш обрнувајте внимание на годишната каматна стапка и административните трошоци кои ги бара кредитодавателот при издавање на кредитот и подготовка на потребната документација. Споредете ги овие трошоци меѓу неколку кредитодаватели и изберете ја понудата со пониски каматни стапки.
Ќе можам ли да ги покривам редовните месечни рати?
Кога ќе ја добиете понудата и ќе знаете колкава ќе биде месечната рата, направете пресметка на DTI коефициентот. Овој коефициент е одличен показател за евалуација на вашата финансиска состојба и тековните финансиски обврски. Исто така, овој показател треба да ви помогне да процените дали новиот заем ќе предизвика прекумерно финансиско оптоварување врз вашиот месечен буџет. Формулата за пресметка на DTI е едноставна:
Чекор 1: Соберете ги сите ваши месечни обврски за заеми.
Чекор 2: Поделете ги вкупните обврски за заеми со вашиот месечен нето-приход, и ќе добиете процент кој го претставува вашиот DTI.
Пример: Маја бара заем за автомобил од 20 000 евра. Нејзината плата изнесува 1 000 евра по оданочување, а секој месец троши 400 евра на хипотекарен заем и 50 евра на студентски заем. Вкупните месечни обврски изнесуваат 450 евра. Нејзиниот DTI се пресметува со собирање на (400+50) и делење со 1000. Нејзиниот моментален DTI е 450/1000=45%. Повеќето финансиски институции може да го сметаат овој коефициент за висок, бидејќи ако земе кредит од 20 000 евра со месечна рата од 290 евра, нејзиниот DTI ќе стане уште поголем (450+290)/1000=74%. Секогаш размислувајте да останете под 40%.
Казнени трошоци
Во животот може да се случат разни нешта кои привремено ќе ја намалат вашата способност да ги исполнувате редовните месечни обврски. Затоа, вреди да се откријат санкциите што кредитодавателот може да ги наметне за задоцнети плаќања. Сепак, силно ви препорачуваме секогаш да се заштитите од вакви ситуации со правење мали месечни заштеди, кои можат да послужат како спас ако се соочите со краткорочни финансиски потешкотии што негативно влијаат на вашата способност да ги отплатите обврските навреме. Покрај тоа, секогаш запомнете дека во такви ситуации можете да го контактирате вашиот кредитодавател и, со објаснување на објективните причини, да се договорите за привремено решение, како одложено плаќање. Никогаш не ја игнорирајте месечната рата, бидејќи тоа може трајно да ја оштети вашата кредитна историја и шансите за добивање кредит во иднина!
Детали од договорт
Постојат секогаш детални услови, дури и во апликациите за претходна одобрение. Погледнете ги сите детали што не се одговорени погоре или што не сте ги размислувале.
Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.