Како да управувате со вашиот долг?
Управувањето со долговите може да биде сложен процес, но со вистинската стратегија и малку повеќе упорност, возможно е да ги ставите вашите долгови под контрола, па дури и порано да ги исплатите.
1. Направете листа
Првиот чекор во управувањето со долгот е да разберете што должите и кому му должите. Соберете ги сите сметки и запишете износите кои треба да ги платите . Во листата, вклучете ги сите платежни картички, кредити и сите други обврски за плаќање што ги имате. Вклучете го името на институцијата, бројот на сметката, состојбата, каматата, износот за плаќање и сл.
2. Направете буџет
Една од најважните работи што можете да ги направите за да управувате со долгот е да направите буџет. Буџетот ќе ви помогне да ги следите вашите приходи и расходи и ќе ви даде подобра слика за тоа каде одат вашите пари и колку реално можете да си дозволите да одвојувате средства за вашите долгови и обврски секој месец.
3. Одредете го приоритетот на Вашите долгови
Многу е важно да го одредите приоритетот на вашите обврски и долгови за да можете да ги фокусирате вашите напори за нивна отплата. Започнете со обврските и долговите кои имаат највисока камата. Ако имате повеќе долгови со иста каматна стапка, фокусирајте се на помалите износи, бидејќи тие ќе бидат полесни за отплата. Но, ова не значи дека треба да прескокнете било која од вашите кредитни обврски. Неопходно е да ги подмирите СИТЕ обврски за кредит што ги имате.
4. Отплатувајте навреме
Навременото плаќање е клучно за управување со долгот. Задоцнетите плаќања може да резултираат со дополнителни камати за доцнење, пенали и влошување на вашата кредитна историја. Ако имате било какви потешкотии при отплатата, контактирајте ја институцијата каде должите и побарајте поддршка за развој на поинаков план за отплата на долгот.
5. Уплаќајте повеќе од минималниот износ за отплата
Секогаш кога можете, уплаќајте повеќе од минималниот износ за секој долг. Дури и мал дополнителен износ може да се акумулира со текот на времето и значително да ги намали вашите вкупни трошоци.
Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.