Какви се трошоците на кредитот?

Секој кредит носи со себе определени трошоци за клиентот. Вкупниот износ што клиентот ќе треба да го врати обично се состои од неколку компоненти: основниот износ на кредитот, каматата и таксите за услуга. Доколку клиентот не ги исполнува обврските навреме, тоа може да доведе до дополнителни трошоци поради доцнење со плаќањето.

Такси

Финансиските институции наплаќаат такси за различни услуги, како што се разгледувањето на вашата кредитна апликација и управувањето со сметката. Еве некои примери на такси:

  • Такси за одржување – месечна такса која може да се наплаќа за самото држење на тековната сметка. Не сите финансиски институции наплаќаат вакви такси, и тие можат да не важат за сите типови на сметки                                                                         
  • Такси за услуги – такси што се наплаќаат за услуги поврзани со основниот производ или услуга, како што е обработката на кредитот, управувањето со документи и административни услуги.    
  • Такси за доцнење – такси што се применуваат ако клиентот го пропушти рокот за плаќање, било да се работи за редовно или еднократно плаќање.

Камата

Каматата е износот на пари што финансиската институција го наплаќа како резултат за користењето на нејзините финансиски средства. Каматата може да биде фиксна или променлива:

  • Фиксна камата значи дека каматната стапка останува истата во текот на целиот период на одплата.
  • Променлива камата значи дека каматната стапка може да се менува во текот на периодот на одплата. При што деталите околу промените на каматата треба да бидат наведени во кредитниот договор. Кога аплицирате за кредит, секогаш обрнете внимание на сите трошоци, како што се: годишната процентуална стапка, трошоците за издавање на кредитот и проверката на документи. Исто така, информирајте се дали каматните стапки се фиксни или можат да се менуваат со време, на пример, како што е случајот со Euribor. Иако треба да се трудите секогаш да ги исполнувате вашите кредитни обврски на време, исто така треба да се информирате и за таксите за казни

Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.