Што да направите ако имате тешкотии со исполнувањето на обврските за кредитот
Навременото плаќање е клучно кога земате кредит. Сепак, понекогаш се случуваат некои неочекувани ситуации кои можат да предизвикаат пропуштање на рокот за плаќање или да ја влошат вашата финансиска состојба и способност за исполнување на обврските. Како да се справите со овие предизвици?
Намалете ги вашите трошоци
Ако забележите дека вашите месечни приходи не се доволни за покривање на вообичаените трошоци и кредитни обврски, прво што треба да направите е да пронајдете начини за намалување на вашите трошоци. Кога се соочувате со финансиски потешкотии, најважно е да продолжите со дисциплината на исполнување на обврските и да ги намалите трошоците кои не се неопходни за преживување – како што се забава, облека, патувања и слично.
Можно е исто така да ги намалите и трошоците во категориите на основни потреби, на пример, преку избор на поевтини алтернативи во опсегот на прехранбени производи, користење на јавен превоз наместо сопствен автомобил, и слично.
Разговарајте со финансиската институција
Влегувањето во финансиски тешкотии е секогаш непријатно, но во такви случаи мора да контактирате со компанијата према која имате финансиска обврска. Само навремената и искрена комуникација може да ве заштити од казни за задоцнето плаќање и да ги подобри шансите за постигнување договор со кредитната компанија за одмор од кредитот, одложени плаќања, нов распоред на плаќања, намалени каматни стапки или, на пример, намалена редовна рата.
Правете плаќања
Од суштинско значење е да направите колку што можете плаќања, дури и ако вашата финансиска институција сè уште не се согласила на договор. Ова е важно затоа што казната за задоцнето плаќање обично продолжува да се акумулира, и ако не правите плаќања, вашата ситуација може да се влоши.
Започнете со заштеда уште денес
Важно е да имате средства за итни случаи. Ако имате дополнителни пари на располагање, тоа ќе ви помогне да ги избегнете проблемите, без разлика дали се работи за 500 евра кои можете да ги употребите за итна потреба или пак за три месечните трошоци за живот. Со доволно резерви, нема да мора да позајмувате кога нешто ќе се расипе. Главниот предизвик е да изградите фонд за итни случаи, што подразбира да трошите помалку од што заработувате.
Што да не правите
- Не правете се дека проблемот не постои.
- Не позајмувајте нов кредит за да ги покриете обврските од претходниот кредит.
- Не избегнувајте комуникација со вашиот кредитор.
Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.