Што е алатка за финансиска писменост?

Финансиската писменост му е неопходна на секој кој сака да донесе некаква информирана и едуцирана одлука, промовирајќи ефективно управување со финансиите, како и ублажување на ризиците од несовесно трошење или избрзани задолжувања за кредити.

Пет-минутниот тест, развиен од страна на Eleving Group може да помогне да се стекне подобро разбирање за управувањето со финансиите, но и подобрување на личната финансиска состојба.

Целта на оваа алатка е да ги едуцира клиентите за управувањето со финансиите и клучните аспекти што треба да се земат предвид при планирањето на некое кредитно задолжување. Целта на алатката во никој случај не е насочена кон промовирање на производите на компанијата. Алатката е исклучиво од едукативна и информативна природа, па затоа, секој клиент мора да носи индивидуални одлуки врз основа на нивната лична, фактичка состојба.

Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.

За кого е наменета оваа алатка?

За секој кој сака да ги планира своите финансии на долг рок и да може да донесе едуцирани финансиски одлуки.

Како функционира оваа алатка?

  1. Одговорете на неколку едноставни прашања.
  2. Оставете ја алатката за финансиска едукација да ги направи потребните пресметки.
  3. Прегледајте го резултатот и добијте корисни препораки.
  4. Внесените информации се користат само за правење на проценка на вашата финансиска состојба. Информациите во било каква поврзаност со вашите лични податоци. Бидејќи не собираме било какви информации за лична идентификација, нема да бидеме во можност да идентификуваме индивидуално лице ниту неговата финансиска состојба.

Што е Eleving Group?

Eleving Group е глобална, мулти-бренд Групација која е основана во 2012 година и која работи во сегментите на кредитирање на возила и кредитирање на население.

Во моментот, компанијата работи на 14 пазари на 3 континенти.

Компанијата има портфолио од над 500.000 клиенти ширум целиот свет и вкупниот износ на исплатени кредити надминува 1.2 милијарди ЕУР. Во 2020 и 2021 г., престижниот магазин Financial Times ја рангираше Eleving Group помеѓу 1000-та најбрзорастечки Финтек компании во Европа.

Eleving Group вработува над 2800 вработени. Компанијата издава обврзници кои котираат на берзите Насдак Рига и Франкфуртската берза.

Групацијата ги вклучува брендовите за кредитирање на возила – Mogo, Primero, Renti, Renti plus, OX drive и брендовите за кредитирање на население Kredo, Sebo, Tigo и Bongo.

Што е Финмак ДОО?

ФД Финмак е небанкарско финансиско друштво, кое работи под лиценца издадена од Министерство за финансии на Република Северна Македонија. Финмак работи на македонскиот пазар работи од 2017 година. Со своите два бренда, Tigo.mk и Bongo, Финмак обезбедува високи етички и професионални стандарди и култура каде клиентот е секогаш во главниот фокус.

Тigo.mk, дел од Финмак ДОО, е водечки бренд во индустријата на небанкарски кредити, кој на македонските граѓани, на одговорен и транспарентен начин, им нуди пристап до финансии и обезбедува финансиска инклузија на неопслуженото население на пазарот.
До услугите на Tigo.mk клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 26-те филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.

Bongo , дел од Финмак ДОО, е нов бренд кој со својата работа започна во јуни 2023 г. До услугите на Bongo клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.bongo.mk или во некоја од 9-те филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 15 минути.

Финмак ДОО е член на Групацијата на финансиски друштва во рамките на Стопанската комора, чии членови се залагаат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.