Решете го тестот и ќе добиете проценка за вашите тековни кредитни обврски и финансиска состојба

Познавањето на вашиот финансиски капацитет и способноста правилно да управувате со вашите пари се клучни вештини во денешницата. Преку заедичкото партнерство со Eleving Group, развивме платформа за финансиска писменост каде што можете да ја процените вашата финансиска состојба и да најдете корисни совети за буџетирање, управување со долгот, заштеди, финансиска хигиена и многу повеќе.

Алатка за финансиска писменост

Алатката за финансиска писменост е тест кој овозможува секој да ги процени своите тековни обврски за кредит или да ги пресмета финансиските можности за себе и своето домаќинство.

Во „проверката на кредит “, корисникот одговара на шест прашања, а одговорите се користат за пресметка на индивидуалниот DTI (проверка на соодносот на долгот кон приходот). За финансиските институции  овој показател е еден од најважните при одлучување за одобрување или одбивање на кредит. Овој показател исто така помага да се оцени врз основа на буџетот на физичкото лице, дали истото може да издржи неочекувани финансиски тешкотии, без да ја изгуби дисциплината при отплатата на кредитот. Тестот, дополнително обезбедува проценка на реалните трошоци за живот, заштеди и покривање на трошоците, односно колку месеци едно лице ќе може да го одржи својот животен стандард и да ги покрие своите трошоци во рамките на постоечкиот буџет.

Исто така, во проценката на можностите, корисникот ќе одговори на неколку прашања. Овој тест ќе го покаже DTI резултатот на лицето или домаќинството, реалните трошоци на живот, нивоата на заштеди и потенцијалниот износ на месечни обврски што лицето или домаќинството би можеле да ги преземат без значителни ризици за нивниот буџет.

Платформата вклучува и блог со бројни вредни совети за планирање буџет, заштеди, управување со долгот, намалување на влијанието на инфлацијата врз личниот буџет, трошоците за задолжување, кредитен рејтинг и други теми.

Направете го тестот!

За проектот

Финансиската писменост е долгогодишен проблем ширум светот. Многу луѓе немаат основно знаење за ефикасно управување со нивните пари, што може да доведе до прекумерно трошење, финансиски стрес, банкрот, па дури и сиромаштија. Секој треба да одвои време за да ги научи основите на финансиите за да има солидна основа за донесување на вистински финансиски одлуки. Поради оваа причина, Eleving Group и нејзините брендови развија платформа за финансиска писменост. „Финансиската писменост е процес со кој лицето го стекнува знаењето потребно за паметно, разумно управување со своите пари. Овие вештини се важни за донесување на одлуки врз основа на потполна информираност и  превенција од потенцијални грешки. Оваа алатка ќе биде корисна за сите, особено за оние кои забележале дека нивната тешко заработена плата исчезнува побрзо од очекуваното. Исто така, за оние кои некогаш се соочиле со тешкотии во исполнување на своите финансиски обврски. Алатката е развиена на начин што луѓето, со пополнување на тестот и читање на советите на платформата, можат да ги разберат причините за различните финансиски предизвици и да најдат техники за нивно надминување“, вели шефот на Службата за корпоративни работи на Eleving Group, Артурс Чакарс.

Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.