Кој е односот долг/приход и како да се пресмета?
Односот долг-приход (DTI) претставува процентуален израз на вашиот нето месечен приход што се насочува кон отплата на месечните кредитни обврски. Финансиските институции го користат како инструмент за оценка на ризикот при издавање кредит. Нискиот DTI индицира дека приходот е доволен за сервисирање на долговите, што го прави кредитобарателот попривлечен за кредиторите.
DTI е одличен показател за проценка на вашата финансиска состојба и тековните финансиски обврски. Овој индикатор треба да ви помогне да процените дали новиот кредит ќе предизвика прекумерно финансиско оптоварување на вашиот месечен буџет. На пример, ако вашиот DTI изнесува 20%, тоа значи дека петтина од вашиот месечен приход се насочува кон вашите кредитни обврски, но ако вашиот DTI е 50%, тоа укажува дека половина од вашиот нето приход е веќе ангажиран за отплата на кредитите.
Вообичаено, кредитобарателите со низок DTI поуспешно управуваат со своите месечни кредитни обврски. Финансиските институции обично претпочитаат да видат низок DTI пред да одобрат кредити, со цел да се осигураат дека кредитобарателите не се претерано задолжени.
Големината на DTI често се утврдени со закон и можат да варираат во различни земји, но исто така може да се утврдат и интерно од страна на финансиските институции. Иако финансиската состојба на поединец секогаш треба да се оценува поединечно, експертите сметаат дека здрав DTI не треба да надминува 40%.
Формулата за пресметување на вашиот DTI е едноставна:
Чекор 1:
Соберете ги сите ваши кредитни обврски како што се: кредит за автомобил, хипотекарен кредит, студентски кредит, потрошувачки кредит итн.
Чекор 2:
Поделете ги вкупните обврски со вашиот месечен нето приход и ќе добиете процент што го претставува вашиот DTI.
Пример:
Маја е во потрага по кредит за автомобил во износ од 10 000 евра. Таа има плата од 1 000 евра по оданочување и месечно плаќа 400 евра за хипотекарен кредит и 50 евра за студентски кредит. Вкупните месечни трошоци изнесуваат 450 евра.
Нејзиниот DTI се пресметува со собирање на (400 + 50) и делење со 1 000. Нејзиниот моментален DTI е 450/1 000 = 45%.
Повеќето финансиски институции би го сметале овој сооднос за висок, бидејќи ако добие кредит од 10 000 евра со месечна отплата од 220 евра, нејзиниот DTI ќе се зголеми уште повеќе (450 + 220)/1 000 = 67%.
Ако вашиот однос долг-приход (DTI) е веќе висок и блиску до или над 40%, треба да размислите за намалување на вашите месечни обврски или пронаоѓање начин за зголемување на вашиот редовен приход. Доколку имате дополнителни средства, можете да разгледате можност за предвремено затворање на кредит или намалување на вкупниот износ на активен кредит, со што ќе ја намалите вашата месечна обврска. Исто така, можете да барате опции за намалување на трошоците за домување или редовните комунални услуги преку заштеда на ресурси (електрична енергија, вода, топлина) или избор на поевтин стан или автомобил.
Ограничување на одговорност: Информациите содржани во алатката за финансиска писменост се обезбедуваат само за информативни цели. Корисникот секогаш треба да спроведува сопствено истражување и да бара професионален совет за да се осигура дека препораките се соодветни за неговата ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или доверливост на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа платформа. Потпирањето на дадените информации е исклучиво на ваш сопствен ризик.
Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.