Како да задржите добар кредитен рејтинг?
Одличната кредитна историја и кредитниот рејтинг се од суштинско значење за да се квалификувате за кредит со поповолни услови и пониски каматни стапки. Тоа покажува дека сте совесен и чесен кредитобарател, што ја олеснува соработката со финансиските институции.
Секое лице кое барем еднаш купило производ на рати, позајмило мал кредит од регистриран кредитодавател или правел редовни плаќања кон даватели на услуги, има кредитен рејтинг. Кредитниот рејтинг се формира автоматски, но лицето има можност да го подобри преку своите финансиски навики.
Советите за одржување на добар кредитен рејтинг се многубројни и разновидни, но експертите обично издвојуваат осум препораки, кои ги сумиравме во оваа статија.
- Златното правило. Плаќајте ги вашите кредити и обврски на време. Навремената исплат на долговите е една од најдобрите начини да докажете на финансиските институции дека сте кредитобарател со низок ризик и дека ќе можете да ги исполниете вашите финансиски обврски. Колку е помал ризикот, толку подобри идни услови за кредит ќе добиете и помалку пари ќе треба да платите за истиот. Нашите експерти препорачуваат внимателно следење на роковите за исплата. Еден лесен начин е да поставите аларми кој ќе ви сигнализираа кога денот на исплата се приближува. Друг корисен трик е да се пријавите за автоматски исплати. Ова ќе ве осигура дека наведената сума пари ќе биде пренесена на вашиот кредитодавател секој месец на истиот ден.
- Имајте кредитна историја. Понекогаш, лицата кои аплицираат за свој прв кредит, но немаат претходна кредитна историја, може да се сметаат за баратели со висок ризик. Поради тоа за да имате добар кредитен рејтинг, мора да покажете навика на добро управување со кредитот во подолг период.
- Намалете ги вашите постојни обврски пред да преземете нови. Пред да издадат кредит, кредитодавателот секогаш го оценува соодносот на приходот кон постојните кредитни обврски. Ова се нарекува сооднос на долг кон приход (DTI). Финансиската институција може да одбие да го издаде кредитот ако вашите кредитни обврски го надминуваат процент од вашиот вкупен приход. Обидете се да не ангажирате повеќе од 30% од вашиот месечен нето приход за вашите кредити. Ако забележите дека обврските опфаќаат поголема дел од вашиот нето приход, обидете се да ги намалите истите навреме.
- Аплицирајте само за потребниот кредит. Само затоа што кредитот е понуден, не значи дека треба да го прифатите. Не аплицирајте за повеќе кредити во краток период. Земањето големи суми во краток временски период е знак на висок кредитен ризик и неадекватно управување со финансии.
- Не преземајте нов кредит за покривање на друг. Под никакви околности не треба да земате нов кредит за да ги решите привремените проблеми со исполнување на финансиските обврски кои произлегуваат од веќе земениот кредит. Новиот кредит е дополнителна тежина на вашите финансии и може да доведе до уште поголеми потешкотии во исплатата на обврските. Ако имате проблеми со плаќањето, веднаш исконтактирајте го вашиот кредитодавател за да договорите промени во распоредот на отплата или да најдете решение за одложени плаќања.
- Следете ги вашите трошоци. Секогаш следете ги трансакциите на вашата дебитна и кредитна картичка како и користењето на банкоматите. Ова ќе ви помогне поуспешно да ги планирате дневните трошоци, да изградите стабилни заштеди и да не се изложувате на неочекувани ризици.
- Не достигнувајте го вашиот кредитен лимит. Ако сте блиску до надминување на вашиот кредитен лимит, преиспитајте го вашето трошење. Одржувањето на стапката на искористеност на кредитот под 30% може да ви помогне да го максимизирате вашиот кредитен резултат.
- Штедете. Не заборавајте редовно да штедите најмалку 10-20% од вашиот нето приход или обидете се да создадете сигурна основа од 3 до 6 месечни плати. На тој начин, ако ја изгубите работата или имате значителен, непредвиден трошок, не морате да земете повеќе од што сте спремни да отплатите.
Иако овие осум препораки сигурно ќе ви помогнат подобро да ги планирате вашите обврски и да го подобрите вашиот кредитен рејтинг, сепак, тие не се гаранција дека ќе имате во секое време најдобри услови за кредит. Секој одговорен доверител, исто така, го проценува нето износот на приходот, стабилноста на приходот, возраста, приходот на домаќинството во некои случаи како и други критериуми кои можат да влијаат на кредитот. Имајте на ум дека градењето добра кредитна историја и кредитен резултат е маратон и процес со многу варијабли. Кон планирањето на личните финансии и кредитните обврски мора да се пристапи промислено и одговорно.
Информациите содржани во рамките на алатката за финансиска едукација служат само за информативни цели. Корисникот на алатката секогаш треба да прави сопствено истражување и да бара стручен совет за да се осигура дека дадените препораки се соодветни за нивната лична ситуација. Ние не гарантираме целосна точност, комплетност или веродостојност на какви било совети, мислења, изјави или други информации прикажани или дистрибуирани преку оваа веб-страница. Затоа, секое потпирање на дадените информации е исклучиво на лична одговорност на корисникот на алатката.